Повик за легализација на оранжерии, помошни објекти и објекти за примарна обработка на земјоделски производи

Општина Крива Паланка ги известува имателите на оранжерии, помошни објекти и објекти за примарна обработка на земјоделски производи кои се бесправно изградени на земјоделско земјиште, дека со измените на Законот за земјоделско земјиште, може да се врши легализација на споменатите содржини.

Сите иматели на бесправни објекти-оранжерии, помошни објекти и објекти за примарна обработка на земјоделски производи да ги пријават во рок од 12 месеци (до 03.08.2013 г.) во Центарот за услуги на граѓаните.

Дополнителни информации во Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина  при Општина Крива Паланка (контакт тел. 376 – 480).