Пионерките од ППК Крива Паланка државни прваци

Пионерките од Пингпонгарскиот клуб Крива Паланка, изминатиот викенд ја одбранија титулата Државни прваци екипно за пионери за сезоната 2011-2012. Тие го освоија првото место во одлучувачкиот меч со екипата на ППК Градба промет-Кавадарци, во кој пионерките од Крива Паланка беа поуспешни  и победија со 3:1. Оваа титула е само продолжение на добрите резултати и освоените титули во поединечна конкуренција.

Останува наредниот викенд да се одигра и вториот play-off каде и сениорките на нашиот клуб се борат за Првото место во Државната прва лига за сениорки.