Во Крива Паланка се одржа „One Love Tour“

На плоштадот Карпошово востание во Крива Паланка синоќа пред неколкуилјадна публика под мотото „Љубовта секогаш победува” се одржа музичката манифестација „One Love Tour“. На четиричсасовниот музички хепенинг настапија изведувачи од РС Македонија и Бугарија, а настанот е дел од годишната програма на „Кривопаланечко културно лето”.

Во добар ритам и убава атмосфера, пред Кривопаланчани настапија: Слаткаристика, Графа, Михаела Филева, 2 Бона, а генерални покровители на настанот се Булмак- Минстрој и Комерцијална банка.

„One Love Tour“ во рамки на турнејата споделува една љубов низ границите на двете земји, преку најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и традициите меѓу РС Македонија и Бугарија.

По синоќашниот настан во Крива Паланка, „One love tour” продолжува во Бургас, Скопје, Варна и Стара Загора.