Работна средба со Директорот на Државниот просветен инспекторат

Вчера во  рамките на своите работни посети, Директорот на Државниот просветен инспекторат при Министерството за образование и наука, г.Џорџе Арсов присуствуваше во Општина Крива Паланка.

На средбата беа присутни градоначалникот на Општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски, државниот просветен инспектор за Општина Крива Паланка г.Ивица Давидовски, вработени во општинската администрација, директорите на основните училишта Илинден и Јоаким Крчовски и средното училиште Ѓорче Петров од Крива Паланка како и голем број наставници и професори.

На работната средба се разговараше за досегашните активности во воспитно -образовните установи, во делот на наставниот процес и постигањата на учениците, измените на Законот за основно образование и Законот за просветна инспекција, кои следуват, а поголем осврт и анализа се даде на Нацрт извештајот на 44 интегрална евалуација на државниот просветен инспекторат во СОУ Ѓорче Петров од Крива Паланка.