„Песни за татковината“ монодрама од Петар Темелковски

Во петок 21.07.2017 на плоштадот Карпошово востание со почеток во 20 часот граѓаните ќе имаат можност да ја проследат монодрамата „Песни за татковината“ во изведба на Петар Темелковски, а по повод 75 годишнината од смртта на нашиот познат поет и револуционер  Никола Јонков Вапцаров.

Проектот е финансиски подржан од Министерството за култура на РМ и Општина Крива Паланка.