Kампања под мотото „Твоето незнаење чини живот“

Црвен крст – Крива Паланка денес го оддржа првиот освежителен курс по прва помош во рамки на кампањата која ја спроведува Црвен крст на Република Северна Македонија, а која се реализира низ 33 општински организации, под мотото „Твоето незнаење чини живот“.
– Секој ден носи нови предизвици и понекогаш секундите можат да значат спас на некој човечки живот, затоа неопходно е да ги обновиме знаењата за укажување прва помош кои сигурно можат да допринесат за избегнување на поголеми последици во случај на сообраќајни несреќи, како и избегнување човечки жртви при сообраќајни незгоди, истакна градоначалникот Мицевски, кој присуствуваше на обуката.

Присутните имаа можност да ги освежат знаењата за првата помош и истовремено да разменат искуства со предавачот Д-р Ленче Максимовска.

Обуката ја проследија преставници од Советот на Општина Крива Паланка, ТППЕ Крива Паланка, ПС ОН Крива Паланка, ПС за ГП и ГН Деве Баир и ПЕ ДЗС Крива Паланка.

Присутните искажаа задоволство, но и потреба од уште вакви или слични едукации.