Работилница за финансиската поддршка што ја овозможува Европската Унија

Денес, 29.11.2018 г. во  Општина Крива Паланка се одржа работилница за финансиската поддршка што ја овозможува ЕУ, под наслов „ЕУ за ТЕБЕ’’ .

Во првиот дел од работилницата г. Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на делегацијата на Европската Унија, пред присутните ги претстави можностите за финансирање што ги нуди ЕУ, како и начините за нивно користење. Господинот Бертолини ги представи Програмите на ЕУ за поддршка на локалните власти, граѓанското општество, бизнисите, асоцијациите на фармери и за локалните засегнати страни, со акцент на регионалното и локалното портфолио на проекти од ИПА1 и ИПА2. Тој  ја презентираше и каратата за визуализација на ИПА Програмата, како и поважните информации за секоја општина и регион и можностите за финасирање во следните три години.

Во вториот дел од работилницата со почеток од 18.30 часот предвидена е средба и дружење на амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар,  со граѓаните на Крива Паланка. На оваа средба граѓаните ќе имаат можност за разговор со амбасадорот Жбогар во однос на поддршката и фондовите кои ЕУ ги овозможува.

Целата на работилницата е локалните власти, граѓанските организации, земјоделци и бизнисмени подобро и директно да се запознаат со актуелните можности за финасирање што ги нуди Унијата.  Делегацијата на ЕУ исто така ќе добие повеќе информации за предизвиците и за ограничувањата со кои се соочуваат засегнатите страни на локално ниво.