Кадровско зајакнување во Територијалната противпожарна единица-Крива Паланка

Градоначалникот Борјачо Мицевски денес официјално ги потпиша договорите за ангажирање  со четири нововработени пожарникари, кои од денес се дел од Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка.

Ова кадровско  зајакнување на ТП Крива Паланка е во насока на поефикасна и брза интервенција на припадниците на единицата, нивната мобилност, како и навремено спасување на граѓаните и заштита на имотите загрозени од пожари, експлозии и голем број други елементарни непогоди.