Подобрена е мрежата за јавно осветлување

Општина Крива Паланка во изминатиот период интензивно работеше на исполнување на Програмата за изградба и оддржување на јавното осветлување за 2018 година. Во континуирана соработка со ЕВН Македонија и изведувачот на работите ЈП Комуналец значително е подобрена состојбата на мрежата за јавно осветлување на територијата на општината.

Зголемен е опсегот и мрежата на јавно осветлување преку инсталација на нови дополнителни околу 100 сијалични места на целата територијата на општината. Извршена е замена на натриумови 150W сијалици со ЛЕД 50 W штедливи сијалици (50 броја) на главната градска улица Свети Јоаким Осоговски. Во тек е континуирана замена на дотраени 125W живини сијалици со штедливи 35W сијалици и неонски 55W.

Со целокупниот процес на замена и оддржување направена заштеда од околу 600.000 денари за 2018 во однос на 2017 година за потрошена електрична енергија и околу 200.000 денари за работна рака за оддржување.

Истовремено се работи и на континуирана замена на дотраеи столбови, неизолирани проводници и заштита на ормарите за јавно осветлување, со што значително е намален бројот на испади во мрежата и истата е стабилизирана со значително намалени трошоци за оддржување и резервни делови.