Финални подготовки за зимско одржување на улиците и локалните патишта

Во текот на вчерашниот ден  07. 11.2017 год. во кабинетот на Градоначалникот на Општина Крива Паланка, се одржа координативен состанок помеѓу службите и институциите во општината задолжени за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Општина Крива Паланка за 2017/2018 година.

На состанокот, градоначалникот се запозна со Програмата за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во општина Крива Паланка, како и со планираните подготовки за  спроведување на зимското одржување во оваа сезона.

Градоначалникот истакна дека не би сакал да се случи  снегот да не затекне неспремни, затоа да се преземат сите мерки и  навремено да се реагира, се со цел квалитетно и навремено одржување на патната мрежа.

Зоран Павловски, Раководител на Подрачно одделение за заштита и спасување –Крива Паланка предложи во идниот период  да се провери состојбата со функционирање на кризните штабови (подрачен и општински) и да се преземат мерки за нивно докомплетирање и опремување.