Активности во рамките на проектот „Грижа и помош на стари, осамени и изнемоштени лица во поголемите рурални населби“

Проектот на Општината Крива Паланка „Грижа и помош на стари, осамени  и изнемоштени лица во поголемите рурални населби“ произлезен од Програмата за Општинско корисна работа која е подржана од УНДП -Програма за развој при ОН, МТСП и АВРМ успешно се спроведува  и во зимски услови.    

Општинскиот тим за ОКР составен од осум ангажирани невработени стручни  лица  успешно се справува со предизвиците  на студеното и снежно време  континуирано посетувајки ги старите , осамени и изнемоштени лица во руралните населби: Дурачка Река, Станци, Костур, Узем ,Станци, Жедилово, Конопница, Мождивњак, Тлминци и Длабочица притоа пружајки им на лицата отворена и несебична подршка во доменот на своите можности и знаења.

Мобилни тимови  составени од две или три ангажирани  лица еднаш неделно посетуваат 120 крајни корисници од оваа Програма во наведените селски населби при што во домашни услови овозможуваат дружење и комуникација  со лицата, даваат морална и советодавна помош, спроведуваат превентивно здравствени активности од видот мерење на притисок,мерење на шеќер во крвта, мерење на температура,контрола на начинот на земање на лекови пропишани од матичен лекар, контрола на рокот на лековите ,остваруваат и им овозможуваат комуникација со свои блиски, комуникација со институции, закажуваат термини за посети како и помагаат во обавувањето на разни домашни потреби од видот: набавка на намирници, плаќање на сметки, грижа за затоплувањето и облекувањето,приготвување на топли напитоци и слично.

Во континуираното  остварувањето на предвидените активности на програмата покрај подршката од Градоначалникот  на Општината Арсенчо Алексовски и Општинскиот координатор на проектот Бранко Велиновски особено голема логистичка подршка и советодавни услуги  базирани  на своето подолгорочно искуство даваат и претставниците на Црвениот Крст на РМ  – Општинска организација Крива