Извонредна игра на актерите од уметничката работилница „Призор“ од Белград

Синоќа, во Центарот за култура, пред кривопаланечката публика настапија актерите од Уметничката галерија „Призор“ од Белград, кои ја изведоа претставата „Цимери“.

Извонредната актерска игра на младиот Милан Васиќ, кој како централен лик доминираше во претставата и ја градеше до кулминација секоја наредна сцена од драмскиот текст, ги воодушеви кривопаланчани кои на нозе му аплаудираа за фантастично одиграната улога.

Во претставата, која ги третира идеалите на младите, темата на љубовта и слободата, настапија и актерите Марија Вељковиќ, Саша Јоксимовиќ, Сташа Радуловиќ и Ана Сакиќ.

Автор и режисер на претставата „Цимери“ е Раде Вукотиќ, а композитор Александар Милетиќ.

Вечерва, на репертоарот на седмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ е претставата „Кариеристи“ на Општинскиот народен театар „Невена Коканова“ од Дупница, Република Бугарија.

[embpicasa id=”6195832785508751889″]

Големина на фонт
Контраст