Благодарност од клубот ВЕЛО-М до Општина Крива Паланка

По повод неодамна одржаната велосипедска трка во рамки на државното првенство на Македонија во друмско возење, одржана на ден 26.06.2016 година, во чија што организација Општина Крива Паланка активно беше вклучена, Велосипедскиот клуб ВЕЛО –М од Куманово, во својство на технички организатор на трката достави информација за одржаната велосипедска трка.

Во писмото покрај информациите за одржаната трка беше изразена благодарност до Општина Крива Паланка за соработката во организирањето на трката, а упатен е и  предлог следната трка 2017 година да започне и да заврши во Општина Крива Паланка.

Информација за одржана велосипедска трка Државно првенство -друмско возење

Големина на фонт
Контраст