Дневен ред на 31-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 3 од Деловодникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 31-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 14.03.2016 година (понеделник) во 15.00 часот.

Дневен ред:
– Усвојување на Записник од 30-та седница на Советот

1. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот
на Општина Крива Паланка К1, К2 и К3 за IV квартал во 2015 година;
2. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2015 година;
3. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ОУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2015 година;
4. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ОУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2015 година;
5. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ОЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка за 2015 година;
6. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Дом за ученици „Боро Менков “ – Крива Паланка за 2015 година;
7. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка за 2015 година;
8. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЛУ „Градски Музеј“ за 2015 година;
9. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2015 година;
10. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа на ЛУ Градски Музеј за 2015 година;
11. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за уредување на градежно земјиште за 2015 година;
12. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа за 2015 година;
13. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба и одржување на водоводната мрежа за 2015 година;
14. Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување во Општина Крива Паланка за 2015 година;
15. Предлог – Одлука за утврдување на условите за начинот на градење во село Лозаново, КО Лозаново, за кое нема важечки урбанистички план;
16. Предлог – Одлука за утврдување на условите за начинот на градење во село Мождивњак, КО Мождивњак, за кое нема важечки урбанистички план;
17. Предлог – Одлука за утврдување на условите за начинот на градење во село Осиче, КО Осиче, за кое нема важечки урбанистички план;
18. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.2502 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
19. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.2580 и 2581 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
20. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.2502 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
21. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.4555/2 и 4552/2 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
22. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 1795 и 1803 во КО Кркља, Општина Крива Паланка;
23. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 2443 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
24. Предлог – Решение за разрешување член во Училишниот одбор на УО во ООУ„Илинден“ – Крива Паланка;
25. Предлог – Решение за именување член во Училишниот одбор на УО во ООУ„Илинден“ – Крива Паланка;
26. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за спроведени активности по проект „Грижа за стари лица во домашни услови“ на Општинска организација на Црвен крст – Крива Паланка за 2015 година;
27.Иницијатива за измена на Одлуката за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2013 година;
28. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2013 година;
29. Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2016 година;
30. Предлог – Иницијатива за Распишување Конкурс за избор на идејно-архитектонско урбанистичко решение на плоштадот во централното градско подрачје во Крива Паланка –Плоштад ВМРО;
31. Предлог – Одлука за распишување на Конкурс за избор на идејно-архитектонско урбанистичко решение на Плоштадот во централното градско подрачје во Крива Паланка – Плоштад ВМРО;

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
М-р. Борче Стојчевски,с.р.

Големина на фонт
Контраст