Оглас за дозволи за општински линиски превоз

Врз основа на член 19, од Законот за превоз во патниот сообраќај (Сл.Весник на Р.М бр.68 /2004, бр.127 / 2006 и бр.114/2009 год.)  и член 24 од Одлуката за уредување на општинскиот линиски   превоз  на патници во општина  Крива Паланка, бр. 07 – 824/17 од 12.03.2010 година, Градоначалникот на општина Крива Паланка објавува :

О  Г  Л  А  С
– за добивање на дозволи за определена линија  во општинскиот линиски превоз –

За следните линии и возни редови

Број и траса на линијата

1.  Крива Паланка – с. Конопница
2.  с.Конопница – Крива Паланка
3.  Крива Паланка – Рамна Нива
4.  Рамна Нива  – Крива Паланка
5.  Крива Паланка – с.Луке
6.  с. Луке – Крива Паланка
7.  Крива Паланка – с.Огут – с. Нерав
8.  с.Нерав – с.Огут – Крива Паланка
9.  Крива Паланка – с. Дурачка Река – Станечка кривина
10. Станечка кривина – с. Дурачка Река – Крива Паланка
11. Крива Паланка – с. Дубровница – с. Мала Црцорија
12 . Мала Црцорија – с. Дубровница – Крива Паланка 
13. Крива Паланка – с. Мождивњак
14. с. Мождивњак – Крива Паланка 
15. Крива Паланка – с. Трново (училиште)
16. с. Трново (училиште) – Крива Паланка

Дозволата за користење на сите линии се издава со важење во период од 5 (пет) години.
При добивање на дозволата превозникот плаќа 600,00 денари, по дозвола за покривање на трошоците, а при регистрација на возниот ред превозникот плаќа 500,00 денари, по поаѓање,.
Дозволата може да ја користи само превозникот на кој  што му е издадена.
Превозниците кои ќе добијат дозвола и регистриран возен ред заедно ќе формираат диспечерски центар  и секојдневно ќе изготвуваат извештај за реализација на истиот.

Огласот трае 30 дена од денот на објавување.

На Огласот може да се јават правни лица, кои предходно имаат добиено  лиценца за вршење на општински  линиски превоз на патници на подрачјето на Општината Крива Паланка.
Со потребната документација задолжително се приложува и возниот ред со време на тргнување и пристигнување на определената релација.
Потребните документи се доставуваат до Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина или архивата при  Општината Крива Паланка .

29.03.2010 година 

    
    ОПШТИНА  КРИВА ПАЛАНКА
                                       Градоначалник    
                                     Дипл. прав. Арсенчо Алексовски 

Големина на фонт
Контраст