Соопштение за организирање на јавен увид на изработен Урбанистички проект за изградба на линиска инфраструктура-Главен колекторски систем за Општина Крива Паланка

Врз основа на член 62 и член 10 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25 и 101/25) и член 23 од Статутот на општината Крива Паланка („Сл.гласник на општината Крива Паланка“ бр. 08/10, 08/14, 02/18, 03/19, 08/21, 01/23 и 05/23) градоначалникот на Oпштина Крива Паланка го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид на изработен Урбанистички проект за изградба на линиска инфраструктура-Главен колекторски систем за Општина Крива Паланка

Изработката на Урбанистички проект за изградба на линиска инфраструктура-Главен колекторски систем за Општина Крива Паланка.

Проектниот опфат на Урбанистичкиот проект за изградба на линиска инфраструктура – главен колекторски систем за Општина Крива Паланка се однесува на трасата на линиска инфраструктура – главен колекторски систем за прифаќање на фекални отпадни води за Општина Крива Паланка.

Проектниот опфат се надоврзува во континуитет на завршетокот на трасата на постојниот колектор на градот Крива Паланка, односно започнува наспроти населба „Бегови бавчи“ кај пешачки мостот на Крива Река во близина на „Спомен костурница“ и над „Поранешна Касарна“ во делот на КП3450/1 КО Крива Паланка и се развива во југозападен правец по левиот брег на Крива Река во должина од 4653.41м¹ се до месноста Добрава, односно локацијата каде се предвидува да се изгради пречистителна станица за фекални отпадни води. Трасата на планираниот колектор е водена на начин кој овозможува поврзување и прифаќање на сите постојни и проектирани канализациони мрежи за отпадни води од околните населени места и приградски населби кои гравитираат кон овој регион (Мизовски ливади, Крстаста падина и други). Проектниот опфат се протега низ катастарските општини, КО Крива Паланка, КО Градец и КО Конопница, Општина Крива Паланка.

Границата на проектниот опфат на урбанистичкиот проект за изградба на линиска инфраструктура – главен колекторски систем за Општина Крива Паланка, зафаќа површина од П=76 779.86м² (7.68ха).

Должината на проектниот опфат изнесува 4 653.41м¹.

Периметарот на линијата на границата на проектниот опфат изнесува 9 426.03м¹.

Проектниот опфат е со намена :
-Е1.6 – Канализациска инфраструктура – Канализациски колектори

Проектна документација се изработува по иницијатива од страна на Општина Крива Паланка.

Јавниот увид за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Општина Крива Паланка ќе се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјана службена веб страна на Општина Крива Паланка :www.krivapalanka.gov.mk

Јавната анкета ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Соопштението, започнуваќи од 01.06.2026 година заклучно до 15.06.2026 година.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Пристигнатите забелешки ги разгледува Комисијата за урбанизам во Општина Крива Паланка која составува записник со образложение за прифаќање и неприфаќање на забелешките, што се објавува на службена веб страна и му се испраќа на изработувачот на урабанистичкиот проект за да ги вгради во планско-проектната документација.

                                          Општина Крива Паланка
                                                                                                  Градоначалниа
Сашко Митовски

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛИНИСКА ИНФРАСТРУКТУРА – ГЛАВЕН КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ ЗА
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Големина на фонт
Контраст