Дневен ред на 4-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39 став (1) точка 4 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 4-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 26.12.2025 година (петок) во 12,00 часот.

ДНЕВЕН РЕД

-Новогодишно обраќање на Градоначалникот –

1. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа на ЛУ „Градски музеј „ Крива Паланка за 2026 година;
2. Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за работа на Фондацијата „ Со срце за Крива Паланка „ за 2026 година
3. Предлог-Програма за работа за 2026 година на локалниот младински совет на Општина Крива Паланка ;
4. Предлог-Одлука за усвојување на финансиски извештај за работа на ЈП Комуналец Крива Паланка за III–от квартал за периодот од 01.07.2025 година до 30.09.2025 година ;
5. Предлог – Буџетски календар за планирање на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2026 година;
6. Предлог – Одлука за усвојување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2026 година;
7. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Крива Палнака за 2026 година;
8. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2026 година;
9. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност„Право на додаток за домување на материјално и стамбено необезбедени лица кои се корисниици на право од социјална заштита односно гарантирана минимална помош“;
10. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност „Еднократна парична помош на деца кои боледуваат од ретки и специфични болести, болест, болнички третмани, хирушки зафати, стари лица и лица во лоша здраствена и економска состојба заради лекување“;
11. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност„Еднократна парична помош на лица со попреченост, тешка и длабока попреченост (пречки во менталниот развој, аутизам, потполно слепо лице и потполно глуво лице)“;
12. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност „Обезбедување на еднократна парична и материјална помош (градежни материјали), на лица во ризик, лица кои претрпеле елементарни непогоди и несреќи, лица не способни за работа, лица со попречености, стари лица по основ на барање доставено од странката”;
13. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност„ Обезбедување можност за извршување на јавни работи од страна на корисниците кои остваруваат права на парична помош од социјална заштита и социјално загрозени лица“;
14. Предлог- Одлука за доделување на еднократен финансиски надоместок за секое новороденче запишано со адреса на живеење на територија на Општина Крива Паланка;
15. Предлог-Одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција за млади за купен велосипед за 2026 година.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Миле Трајковски , с.р.

Големина на фонт
Контраст