Ги известуваме жителите на Општина Крива Паланка, дека според официјално добиено известување од страна на КЕЦ Кратово – Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, заради реализација на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа и подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во текот на утрешниот ден (четврток) 18.12.2025 најавени се прекини во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 12.00 до 15.00 часот за територијата на општина Крива Паланка, со исклучок на село Нерав.




