Врз основа на член 39 став (1) точка 4 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 65 и член 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 3-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 09.12.2025 година (вторник) во 11.00 часот
Д н е в е н р е д:
1. Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај заизвршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1, К2 и К3 за III Квартал за 2025 година;
2. Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај за реализирани приходи и трошоци за спроведување на локални избори 2025 година преку општинските изборни комисии за месец август – ноември;
3. Предлог-Одлука за прифаќање и доделување на организација на спортските активности ,,Фудбал за сите’’ и ,,Општински крос’’ на Општински училишен спорт – Крива Паланка
4. Предлог-Програма за активностите на Општина Крива Паланка одобласта на спорт за 2026 година;
5. Предлог-Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на образование за 2026 година;
6. Предлог-Одлука за прифаќање на фестивалот Џој Фест како дел од Програмата за активностите на Општина Крaва Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2026 година со доделување на финансиска поддршка
7. Предлог-Програма за активностите на Општина Крива Паланка вообласта на културата и културните манифестации за 2026 година;
8. Предлог- Програма за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година во Општина Крива Паланка;
9. Предлог-Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на развојот на информатичко- комуникациската технологија за 2026 година;
10. Предлог-Програма за активностите на Општина Крива Паланка за ревитализација по елиминирање на кризи во областа за заштита и спасување во 2026 година;
11. Предлог-Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областана заштитата и спасувањето, противпожарната заштита иуправување со кризи во 2026 година
12. Предлог-Програма за активностите на Општина Крива Паланка за стручно усовршување на вработените и тим билдинг за 2026 година;
13. Предлог-Програма на Општина Крива Паланка од областа на соработка со здруженија на граѓани и фонданции за 2026 година;
14. Предлог-Програма за Локален економски развој на Општина Крива Паланка за 2026 година;
15. Предлог-Програма за млади на Општина Крива Паланка за 2026 година;
16. Предлог-Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна и канализациона мрежа во Општината Крива Паланка за 2026 година;
17. Предлог- Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната
патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2026 година;
18. Предлог-Програма за изградба, реконструкција и одржување на мрежата за јавното осветлување во Општина Крива Паланка за 2026 година;
19. Предлог-Програма за одржување на јавна чистота во град Крива Паланка за 2026 година;
20. Предлог-Програма за подигање и одржување на урбано зеленило во Крива Паланка за 2026 година;
21. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Крива Паланка за 2026 година;
22. Предлог-Програма за животна средина на Општина Крива Паланка за 2026 година;
23. Предлог-Програма за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2026 година;
24. Предлог-Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Крива Паланка за 2026 година;
25. Предлог-Програма за уредување на сообраќајна сигнализација за 2026 на подрачјето на
Општина Крива Паланка;
26. Предлог-Одлука за усвојување на Локален акционен план за животна средина (ЛЕАП)
на Општина Крива Паланка (2025-2030);
27. Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за давање на согласност за продажба на недвижен имот-објект сопственост на Општина Крива Паланка со електронско јавно наддавање (втора објава);
28. Предлог-Одлуказа ослободување од партиципација на деца Роми на возраст од три до шест години за престој во О.Ј.У.Д.Г. „Детелинка”за учебната 2025/2026 година;
29. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за доделување на финансики средства на Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ Крива Паланка за исплата на долг по основ на доспеани, а неплатени обврски;
30. Предлог-Одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари без надомест – фотоволтаични централи на кров на ОЈУДГ „Детелинка“, ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – зграда Партизан и ОУД „Боро Менков“;
31. Предлог-Решение за разрешување членови на Управниот одбор на ОЈУДГ „Детелинка“- Крива Паланка;
32. Предлог-Решение за именување членови на Управниот одбор на ОЈУДГ „Детелинка“- Крива Паланка;
33.Предлог-Решение за разрешување членови на Управниот одбор на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка;
34. Предлог-Решение за именување членови на Управниот одбор на ЛУ Градски музеј “ – Крива Паланка;
35. Предлог-Решение за разрешување членови на Управниот одбор на Дом за ученици–„Боро Менков“ – Крива Паланка;
36. Предлог-Решение за именување членови на Управниот одбор на Дом за ученици–„Боро Менков“ – Крива Паланка;
37. Предлог-Решение за разрешување на членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за комунални услуги „КОМУНАЛЕЦ“ ц.о. Крива Паланка;
38. Предлог-Решение за именување на членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за комунални услуги „КОМУНАЛЕЦ“ ц.о. Крива Паланка;
39. Предлог-Решение за разрешување на членови на Надзорен одбор за контрола на матријално-финансиско работење на Јавното претпријатие за комунални услуги „КОМУНАЛЕЦ“ ц.о. Крива Паланка;
40. Предлог- Решение за именување на членови на Надзорен одбор за контрола на матријално-финансиско работење на Јавното претпријатие за комунални услуги „КОМУНАЛЕЦ“ ц.о. Крива Паланка;
41. Предлог-Одлука за утврдување висина на месечен надоместок на претседателот и членовите на Управен одбор на Јавното претпријатие за комунални услуги „КОМУНАЛЕЦ“ ц.о. Крива Паланка;
42. Предлог-Одлука за утврдување висина на месечен надоместок на претседателот и членовите на Надзорен одбор за контрола на матријално-финансиско работење на Јавното претпријатиеза комунални услуги „КОМУНАЛЕЦ“ ц.о. Крива Паланка;
43.Предлог-Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на еднаквите можности за 2026 година;
44.Предлог-Програма за измена и дополна на Развојна Програма ЈДА за Изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа на територијата на Општина Крива Паланка за периодот 2024-2026 година;
45.Предлог-Програма за измена и дополнување на Развојна Програма JLA за „Партерно уредување на мајор коритото на Крива Река -дел 1 и 4“ за периодот 2025-2027 година;
46.Предлог-Програма за измена и дополнување на Развојна Програма ЈНА за изградба на спортско -рекреативни и детски игралишта и уредување на јавни површини на територијата на Општина Крива Паланка за периодот 2024-2026 година;
47.Предлог-Одлука за усвојување на План на програма за развој -образец В1 за Развојна програма ЈДВ „Реконструкција на дел од ул.Св.Јоаким Осоговски делница од дол Единство до спој со државен пат А1 со изградба на атмосферска канализација“ за периодот 2025-2027 година;
48.Предлог-Одлука за усвојување на План на програма за развој за Развојна програма ЈДБ-Образец В1 за „Реконструкција на патен правец за Калин Камен“ за периодот 2025-2027 година;
49.Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај за работењето на Јавното претпријатие за комунални услуги „КОМУНАЛЕЦ“ ц.о. Крива Паланка за III-од квартал за 2025 година;
50.Предлог-Одлука за усвојување на Годишен план за вработување за 2026 година на Јавното претпријатие за комунални услуги „КОМУНАЛЕЦ“ ц.о. Крива Паланка;
51.Предлог-Решение за именување на вршител на должност член на Надзорен одбор за контрола на матријално-финансиско работење на Јавното претпријатие за комунални услуги „КОМУНАЛЕЦ“ ц.о. Крива Паланка;
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
Миле Трајковски с.р




