Почитувани,
СОУ „Ѓорче Петров“ организира показна вежба за евекуација во случај на пожар, со цел подигање на сваста на безбедноста на учениците, наставниците и другите вработени, а во насока на подобрување на подготовките и брзината на реакција во вакви непревидени и несакани ситуации.
Вежбата ќе се одржи на ден 04.12.2025 година во временски интервал од 11:30 до 14:30 часот во просториите на училиштето и за време на истата ќе бидат вклучени сите ученици и вработени.
Општина Крива Паланка, навремено ги онформира граѓаните за реализацијата на планираната показна вежба во СОУ „Ѓорче Петров“, за да не дојде до паника и непријатности кај населението, предизвикани од превземање на конкретни активности при организација на самиот настан- симулација на пожар.
Целта на оваа показна вежба е да се тестираат востановените процедури за евакуација, да се едуцираат учениците и вработените, како и да се подобри ефикасноста на мерките за безбедност во училиштето.




