Oдржана четвртата сесија од буџетскиот форум

На 2 декември, во ресторан „Облаче“, се одржа четвртата сесија од буџетскиот форум, што го спроведува општина Крива Паланка,  на која граѓаните дискутираа за предлог-програмите за урбанистичко планирање, социјална заштита и за локален економски развој за 2015 година.

[embpicasa id=”6088895397833944529″]

Раководителите на Одделението за урбанизам, сообраќај и животна средина и на Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија, Добривој Николовски и Душко Арсовски, детално ги презентираа проектите,  содржани во овие буџетски програми, а предвидени за реализација во текот на наредната година.

Учесниците на форумот даваа предлози за приоритетни проекти по овие три програми, за кои тие сметаат дека треба да добијат предност при планираните расходи за 2015 година. Граѓаните предлагаа проекти содржани во програмите, но и нови проектни активности, кои ги сметаат за проблем и потреба на заедницата и за кои мислат дека треба да бидат вклучени во општинскиот буџет за претстојната фискална година. Најмногу предлози имаше за изработка на детален урбанистички план за десниот брег на градот, за сервисни служби за домашна нега и помош, за развој на туризмот, поддршка на малите и средни претпријатија и слично.

Истовремено, на сесијата беа  презентирани и прифатените и неприфатени предлози на граѓаните за програмите за уредување на градежното земјиште, за развој на културата и за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа, кои беа предмет на дискусија на третата форумска сесија.

На идната, 5-та сесија, која ќе се одржи во текот на наредната недела, граѓаните, кои се стекнале со право на глас, ќе гласаат за приоритетните програми и проекти за кои тие сметаат дека треба да бидат дел од општинскиот буџет за 2015 година.

Целта на буџетскиот форум, кој се спроведува во рамките на програмата „Форуми во заедницата“, е да се изгови буџет во консултација со граѓаните и во согласност со нивните потреби и приоритети. Истовремено, и да се зголеми транспарентноста и отчетноста за приходите и расходите на општината, како и за намената на средствата и нивното трошење.

Големина на фонт
Контраст