Известување за граѓаните –  Буџетски форум за 2026 година

Со цел транспарентно распоредување на буџетските средства, во соработка со граѓаните, Општина Крива Паланка започнува со подготовка на родово одговорен буџет за следната 2026 година. Форумската сесија од буџетскиот форумски процес, ќе се одджи во петок на 21.11.2025 г. во салата на Советот на Општина Крива Паланка. Право на учество во форумската сесија имаат сите заинтересирани граѓани и граѓанки.

Форуморт има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локлано ниво и низ еден транспарентен начин да обезбеди родово одговорна алокација на буџетските средства, водејќи сметка за различните потреби на граѓаните и граѓанките.

Граѓанското директното учество е клучно во креирањето на буџетот на Општина Крива Паланка за 2026 година -зошто, токму преку предлозите, идеите и ставовите на граѓаните, се гради буџет кој ја одразува реалната слика и интересите на локалната заедница.

Ги покануваме и охрабруваме сите заинтересирани граѓани да бидат дел од форумскиот процес и да придонесете кон подобра и поправедна општина за сите.

Прилог: Дневен ред

Големина на фонт
Контраст