Почитувани граѓани,
Поради зголемениот обем на сообраќај за време на претстојните празнични денови, а особено за време на одржувањето на музичките настани на 29 и 30 август 2025 година, Општина Крива Паланка обезбеди дополнителни паркинг места за сигурно и безбедно паркирање.
Сопствениците на моторни возила ќе имаат можност за паркирање на неколку локации во близина на централното градско подрачје. На секое од предвидените места ќе има редари кои ќе пружаат помош при паркирање на возилата.
Предвидени зони за паркирање:
1.Зелен градски пазар и речното корито кај пазарот
https://maps.app.goo.gl/x8bpnMGWe5LTsRW28
2.Автобуска станица и речно корито кај автобуската
https://maps.app.goo.gl/xJpAkcevkDjie9p48
3.Простор покрај мотел „Македонија“ и Градскиот базен
https://maps.app.goo.gl/noxT25x8WYfE3krf9
4.Тротоарска површина покрај магистралниот пат (Бегови Бавчи – мотел „Македонија“)
https://maps.app.goo.gl/JGX4ciERpcSQmj7a8
5.Лева коловозна лента на ул. „Св. Јоаким Осоговски“
https://maps.app.goo.gl/8kp46ByDC6bz4iCb7
Во прилог: мапа со зоните за паркирање
Со почит,
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски