Општина Крива Паланка ги известува сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдени локации од тезги и монтажно – демонтажни објекти, поставени од страна на Општина Крива Паланка и тоа:
-во центарот на градот (Градски Плоштад), на локација II, под број од 25, 26, 41, 42, 44-1 до 44-7, и од 45 до 67 за временски периодот од 01.08.2023 година до 31.08.2023 година, дека можат да поднесат Барање до Општината за одобрување на некоја од дефинираните локации во период од 29.07.2025 година па се до искоритување на локациите.
Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат Барање до Одделение за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка, по што ќе биде одреден временскиот период на изнајмување на штандот, по претходно платена административна такса за поднесување на барањето, како и утврдена и платена комунална такса за користење на јавни површини и надоместок за закуп на јавен простор/објект. Корисникот на продажен штанд има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија за нормално функционирање на објектот, на начин кој ќе биде утврден во договорот за утврдување на условите за изнајмување и користење на продажен штанд, кој ќе биде склучен помеѓу Општината и корисникот. Доколку барањето се поднесува за изнајмување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се има во предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот.
Барателите можат да изнајмат продажен штанд за продажба на:
1 Храна
2. Крофни и палачинки
3. Кафе и пијалоци
4. Сувенири и ракотворби
5. Детски играчки
6. Текстил
Поставените монтажно – демонтажни објекти и штандови ќе имаат можност да бидат со работно време од 10:00 до 22:00 часот, секој ден, во временскиот период од 01.08.2025 година до 31.08.2025 година.
Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Одделение за урбанизам и заштита на животната средина