Врз основа на член 62 и член 10 од Законот за урбанистичко планирањеи член 23 од Статутот на општината Крива Паланка (Сл.весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 101/25) градоначалникот на Oпштина Крива Паланка го дава следното
Изработката на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на локален пат (со А.Б мост на Крива Река) од спој со А-2 до м.в. Крстата Падина- намена Е1.1 и регулација на Крива Река – намена Е1.4 во Општина Крива Паланка ќе се одвива во рамките на следниот опфат:
Проектниот опфат кој е предмет на уредување со Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на локален пат (со А.Б мост на Крива Река) од спој со А-2 до м.в. Крстата Падина- намена Е1.1 и регулација на Крива Река – намена Е1.4 во Општина Крива Паланка, е во КО Конопница и КО Градец со површина од 8656.86 м2 (8,65ха) и претставува земјиште на кое ќе се изгради локален пат во должина од 462.82 м.
Проектна документација се изработува по програма на општината и прифатена иницијатива за изработка на урбанистичка документација од страна на Комисијата за урбанизам на Општина Крива Паланка.
Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на локален пат (со А.Б мост на Крива Река) од спој со А-2 до м.в. Крстата Падина- намена Е1.1 и регулација на Крива Река – намена Е1.4 во Општина Крива Паланка ќе се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјана службена веб страна на Општина Крива Паланка : www.krivapalanka.gov.mk
Јавната анкета ќе трае 15 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, започнуваќи од 26.06.2025 година заклучно до 17.07.2025 година.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Пристигнатите забелешки ги разгледува Комисијата за урбанизам во Општина Крива Паланка која составува записник со образложение за прифаќање и неприфаќање на забелешките, што се објавува на службена веб страна и му се испраќа на изработувачот на урабанистичкиот проект за да ги вгради во планско-проектната документација.