Соопштение за организирање на јавна анкета и  јавна презентација по четврти пат на предлог  Деталниот урбанистички план за дел од блок З-04 (Блок 13В според ГУП од 2014 година) КО Крива Паланка  во град Крива Паланка

Врз основа на член 35 од законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), a во согласнсот со член 93 и член 94 од законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на Р.С.М.“ бр.32/20 и 111/23) и автентично толкување на член 93 став(2) од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на Р.С.М.“ бр.73/24) градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна анкета и  јавна презентација по четврти пат на предлог  Деталниот урбанистички план за дел од блок З-04 (Блок 13В според ГУП од 2014 година) КО Крива Паланка  во град Крива Паланка

Јавната анкета по четврти пат на горенаведениот план ќе се одржи од 22.05.2025 година до 03.06.2025 година секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот во просториите на одделението за урбанизам и заштита на животната средина при општината Крива Паланка.

Предлог Деталниот урбанистички план за дел од блок З-04 (Блок 13В според ГУП од 2014 година) КО Крива Паланка  во град Крива Паланка ќе биде изложен на информативните табли на општината Крива Паланка, во информацискиот систем е-урбанизам и во просториите на општината Крива Паланка.

Јавната презентација по четврти пат за Деталниот урбанистички план за дел од блок З-04 (Блок 13В според ГУП од 2014 година) КО Крива Паланка  во град Крива Паланка ќе се одржи на ден 27.05.2025 година со почеток во 09:00 часот во големата сала на општината Крива Паланка.

Опфатот за кој се однесува горенаведениот план е следниот:
-на север – оска на магистралниот пат А2;
-на исток – новопроектиран дол Грамаѓе 2 ја пресекува ул. Пролетерска, продолжува по дол Грамаѓе 2 и на јужната граница од КП 7122/1 свртува
кон КП 7125;
-на југ – по јужната граница на КП 7125, 7126, 7127 и 7128, на крај од КП7128 свртува кон ул. Пролетерска и од оската од истата улица свртува и
се движи по истата, го поминува новопректираниот дол Грамаѓе 1 и доаѓа до новопроектирана улица;
-на запад – по оската на новопроектирана улица, спој на ул. Пролетерска со магистралниот пат А2 спроти бензинската пумпа.

Површината на опфатот изнесува 7,35 ха.

Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                   Градоначалник
                                                                                                 Сашко Митовски

Анкетен лист
Детален урбанистички план за дел од Блок З-04

Големина на фонт
Контраст