Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти за под-проект Реконструкција на локален пат Нерав-Огут, општина Крива Паланка во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти за под-проект Реконструкција на локален пат Нерав-Огут, општина Крива Паланка во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Крива Паланка аплицираше со проект за под-проекти за Реконструкција на локален пат Нерав-Огут, општина Крива Паланка.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 28.04.2025 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Единица за Имплементација на
Проект за поврзување на локални патишта
Министерство за транспорт

КОНТРОЛНА ЛИСТА НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ (ПУЖССА)
Реконструкција на локален пат Нерав-Огут, општина Крива Паланка

Формулар за доставување коментари и предлози

Големина на фонт
Контраст