Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 50-а став 6 и член 24 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12; 55/13 и 163/13), Градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт-локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти за спорт и рекреација со придружни содржини на к.п.бр.5359 на локалитетот до Ловечка куќа во КО Кркља, Општина Крива Паланка

Јавната анкета по Нацрт-локалната урбанистичка планска документација за изградба на објекти за спорт и рекреација со придружни содржини на к.п.бр.5359 на локалитетот до Ловечка куќа во КО Кркља во општината Крива Паланка, ќе се одржи од 18.08.2014 година до 25.08.2014 година секој работен ден од 08,оо-16,оо часот во просториите на архивата на општината Крива Паланка.

Нацрт-локалната урбанистичка планска документација ќе биде изложена и во просториите на Центарот за култура во Крива Паланка.

Јавната презентација по Нацрт-локалната урбанистичка планска документација за изградба на објекти за спорт и рекреација со придружни содржини на к.п.бр.5359 на локалитетот до Ловечка куќа во КО Кркља во општината Крива Паланка ќе се одржи на ден 22.08.2014 година во 12,оо часот во големата сала на општината Крива Паланка.

Границите на предметната катастарска парцела бр.5359 се совпаѓаат со границите на градежната парцела.

Површината на опфатот е 0,21 ха.

Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во просториите на одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општината Крива Паланка (канцеларија бр.49) и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови.

 

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Градоначалник

Дипл.правник Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст