Дневен ред на 45-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 45-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 30.09.2024 година (понеделник   ) во 11,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на записник од 44-та седница

  1. Предлог-Програма за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Општина Крива Паланка за 2024/2025;
  2. Предлог-Мислење за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности за учениците од  III ,VI  и IX-то  – одделение од ООУ „ Јоаким Крчовски  “ – Крива Паланка  за 2024 -2025 година ;
  3. Предлог-Мислење за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности за учениците од  III ,VI  и IX-то  – одделение од ООУ „ Илинден  “ – Крива Паланка за 2024-2025 година;
  4. Предлог-Одлука за давање согласност на барањето за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2024/2025 година за СОУ „Ѓорче Петров“;
  5. Предлог – Програма за изменување и дополнување на програмата за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2024 година;
  6. Предлог – Одлука за За усвојување на финансиски  извештај за работа на   ЈП Комуналец Крива Паланка за I–от квартал  за периодот од 01.04.2024 година до 30.06.2024;
  7. Предлог – Одлука за кофинансирање на проект „Земја на легендите“ 48-00-00164/2021-28-6;
  8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2024 година;
  9. Предлог-Решение за именување член на управен одбор на ОУД Боро Менков  Крива Паланка ;
  10. Предлог-Одлука за за определување на ширина на попречен профил на дел од ул.„Св.Јоаким Осоговски“ од раскрсница кај „Станица за технички преглед“ КП6751 до пред раскрсница со ул.„Пиринска“ до КП2965во Крива Паланка;
  11. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за за к.п.бр. 1634/2 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
  12. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за за к.п.бр. 1421/1 (објект бр.1) во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
  13. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 1421/1 ( објект бр.2) во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка.

                                                                                                        СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
               Претседател,
           Изабела Павловска ,с.р

Големина на фонт
Контраст