Продолжува проектот „Цело е кога има се“

Општина Крива Паланка оваа година се вклучи по деветти пат во Програмата “Општинско корисна работа” преку проектот „Цело е кога има се“, поддржан од УНДП, МТСП, АВРМ и Општина Крива Паланка.

Воспитувач, Медијатор за поддршка за активно стареење, Фасилитатор за унапредување на социјален живот и Медијатор за пренесување на знаењето и капацитетите на стари лица кон други лица во процесот на активно стареење се ангажирани со Програмата за општинско корисна работа  преку проектот „Цело е кога има се“.

Ангажираните лица ќе бидат ангажирани во наредните месеци во ОЈУДГ “Детелинка” и Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во рамки на ОО Црвен Крст Крива Паланка.

Од буџетот на Општина Крива Паланка се финансираат 20 отсто од потребните средства за реализација на активностите, а во контекст на подобрување на квалитетот на услугите за згрижување на најмладите жители на нашата општина и повозрасната категорија на луѓе кои се корисници на услугите на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во рамки на ОО Црвен Крст Крива Паланка, годинава е вклучен еден  воспитувач во ОЈУДГ „Детелинка” кои се очекува допринесе за унапредување на квалитетот на реализацијата на наставата и да се создадат можности за реализација на дополнителни активности во функција на развој на вештини кај децата и ,Медијатор за поддршка за активно стареење, Фасилитатор за унапредување на социјален живот и Медијатор за пренесување на знаењето и капацитетите на стари лица кон други лица во процесот на активно стареење.

Големина на фонт
Контраст