Известување за граѓаните – Одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици

Почитувани,
На ден 19.01.2014 (недела) од 08.00 до 11.00 часот во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската Православна Црква, Епархија Кумановско-Осоговска ќе се одблежи големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Прославата  започнува со свечена литургија во црквата Св.Димитрија,  по  литургијата  следува чинот на фрлањето на  крстот во водите на Крива Река, а потоа манифестацијата „Пивтијада“. Како и години наназад, фрлањето на крстот ќе се случува од мостот што води кон населбата „Бавчалк“, популарно викан Шанин мост.
Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните да дојдат на местотото на настанот и заеднички во духот на традицијата да го прославиме овој убав ден.

Големина на фонт
Контраст