Соопштение

Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека,  во наредниот период ќе биде затворен за сообраќај делот од улица „Св. Јоаким Осоговски“ на потегот од долот во населба „Единство“ до влез на Зелен пазар, во должина од околу 200 м.

Сообраќајот на овој потег ќе биде во привремен прекин поради изведување на градежни работи за реконструкција и проширување на главната улицата.

За непречено одвивање на сообраќајот на овој потег, граѓаните може да го користат алтернативниот пат позади зградите и според сообраќајните знаци, поставени согласно сообраќаен проект за времен режим на сообраќајот.

Се молат граѓаните да имаат трпение и разбирање за отежнатите услови на движење додека се одвиват градежните работи во овој дел од градот.

Големина на фонт
Контраст