Привремена забрана за движење на дел од стар Манастирски пат

Соопштение

Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека, стар Манастирски пат ќе биде времено затворен за сообраќај, во периодот од 12.02.2024 до 25.02. 2024 година.

Сообраќајот на овој патен правец ќе биде во привремен прекин поради санација на свлечиште на стар Манастирски пат и поради изведба на истражни работи за дупнатини на оваа локација од страна на Друштвото за градежништво ГЕИНГ доо.

Постоечкото свлечиште на стариот пат кон манастирот, повторно се активираше поради обилните дождови, при што е оштетен јавниот асфалтен пат, кој целосно е вон употреба.

Поради ваквата ситуација на терен, значително е зголемен ризикот за безбедноста на учениците во сообраќајот и неопходно е затварање на патот за сите видови на сообраќај.

За непречено одвивање на сообраќајот во овој реон, граѓаните може да го користат постоечкиот алтернативен пат т.н. Руски пат.

Се молат граѓаните за разбирање и доследно почитување на забраната и да не ја поместуваат или отстрануваат  сообраќајна сигнализација која ќе биде поставена.

Големина на фонт
Контраст