Општината организира заедничка прослава на Бадник на градскиот плоштад 

Пoчитувани сограѓани,

Ве известуваме дека во сабота на 6-ти јануари 2024, Oпштина Крива Паланка традиционално ќе го организира прославувањето на големиот христијански празник Бадник на централниот градски плоштад со почеток од 12.00 часот.

Манифестацијата за прослава на Бадник започнува со свечена бадникова поворка од плоштадот “Карпошово востание” во 11.30 часот и ќе движи низ главната улица до Градскиот Плоштад.

Половина час подоцна (од 12.00 ч. )на централниот градски плоштад ќе започне бадников концерт со Божиќни песни, следуваат божиќни пораки и заедничка прослава на големиот христијански празник, Бадник, со делење лепчиња со паричка.

Општина Крива Паланка Ве поканува да бидете присутни на градскиот плоштад и заеднички, сплотени и со радост да го прославиме овој убав ден – Бадник, со радост во пресрет на најголемиот христијански празник, Христовото раѓање-Божиќ.

Големина на фонт
Контраст