Третата  форумска сесија од буџетскиот процес за родово одговорно планирање на буџетот на Општина Крива Паланка за 2024  година

Локација: ООУ Јоаким Крчовски ( атриум сала во Партизан)
24  ноември 2023 (петок) 12:00 часот

Почитувани,

Ве известуваме дека Општина Крива Паланка ја организира третата форумска сесија од буџетскиот процес за родово одговорно планирање на буџетот на Општина Крива Паланка, која ќе се оддржи на ден 24.11. 2023г. (петок) во атриум сала во Партизан при ООУ ,,Јоаким Крчовски“ со почеток во 12 часот.

На оваа фоумска сесија граѓаните ќе имаат можност да проследат Презентација на  Расходи  по  годишни оперативни  родово одговорни  буџетски програми  на општината  за 2024 година.

На оваа форумска сесија ќе бидат презентирани следниве програми:

Програмата за економски развој, Програма за култура, Програма за уредување на градежно земјиште,  Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа; Програмата  за изградба, реконструкција и одржување на локална, водоводна и канализациона мрежа и Програмата за изградба, реконструкција и одржување на мрежата за јавното осветлување.

По секоја презентација на соодветната програма, следува дискусија и родова анализа на предлозите од граѓаните.

Со форумскиот процес, Општина Крива Паланка започна на  7-ми ноември и заклучно со 01-ви, декември ќе се одржат вкупно 4 форумски сесии, на кои ќе се подготви предлог буџетот на општината за 2024 година и истиот ќе се достави на усвојување на Советот на Општината во месец декември 2023година.

Форумот има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво и низ еден широко транспарентен начин да обезбеди родово одговорна алокација на буџетските средства, водејќи сметка за различните потреби  и приоритети на граѓаните и граѓанките.

Вашето директно учество и придонес во креирањето на буџетот на Општина Крива Паланка за 2024 година е од голема важност и интерес за целата локална заедница

Големина на фонт
Контраст