Јавен повик за прибирање предлог- активности за организирање на културни манифестации во Општина Крива Паланка за 2024 година

Врз основа на член 2 од Правилникот за утврдување на постапката за прибирање и разгледување на предлог- активности за организирање на културни манифестации во Општина Крива Паланка за 2024 година, донесен од страна на Градоначалникот на Општина Крива Паланка,бр.08-5178/1 од 01.11.2023 година, Општина Крива Паланка објавува

Ј А В Е Н  П О В И К
за прибирање предлог- активности за организирање на културни манифестации во Општина Крива Паланка за 2024 година

 Со цел унапредување и развој на културата во Општина Крива Паланка ,како и успешна реализација на Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2024 година, се повикуваат сите јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата да пројават интерес на овој јавен повик, исполнувајќи ги следниве услови:

 Критериуми

Како подносители на  предлог-активности за организирање на културни манифестации во Општина Крива Паланка за 2024 година можат да се јават: јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата, а кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • да се регистрирани како јавна установа, здружение на граѓани, фондација и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата, согласно законот и истите да се со седиште на територија на општина Крива Паланка како матична општина; (важи само за правни субјекти)
  • да се жители на општина Крива Паланка и истакнати дејци од областа на културата (важи само за физички лица)
  • да придонесуваат за збогатување на културниот живот во општината;
  • да придонесуваат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Крива Паланка;
  • да го поттикнуваат и афирмираат локалното творештво на локалните уметници;
  • да се грижат за унапредување на соживотот меѓу заедниците;
  • да обезбедат континуитет на традиционалните културно- уметнички манифестации кои се од локален карактер;
  1. Потребна документација

Подносителите на барања потребно е да достават:

  • барање со основни информации за подносителот (име на организацијата, адреса, телефонски број, е- маил адреса, лице за контакт), краток опис на организацијата (за правни субјекти), лична биографија со доказ за постигнувања во областа во која аплицира(за физички лица), предлог-активност за конкретна манифестација, опис на активностите кои ќе се преземат и придонесот од наведената манифестација, потребен буџет како и опис на потребите од буџетот;
  • доказ за регистрација за вршење на дејност од областа на културата со седиште на територија на општина Крива Паланка (тековна состојба од Централен регистар) (важи само за правни субјекти)
  • валидна лична карта, со адреса на територијата на општина Крива Паланка (важи само за физички лица)
  1. Рок и начин на доставување на барањата

Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на Општина Крива Паланка  www.krivapalanka.gov.mk  ќе трае 15 дена од денот на објавувањето.

Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Крива Паланка, Одделение за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија , за Јавен повик од областа на културата“

Барањата кои ги исполуваат условите, а кои ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на културата во градот, ќе бидат дел од Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата  и културните манифестации за 2024 година.

Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски

ПРАВИЛНИК

Големина на фонт
Контраст