Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека од 18.08.2023 година од 14.00 часот до 20.08.2023 година до 23.30 часот државната граница ќе биде отворена кај граничен камен 12 во с.Огут, Општина Крива Паланка. За преминување на државната граница преку привремениот граничен премин потребно е физичкото лице да ги исполнува следните услови:
– Да е државјанин на РСМ, односно РС,
– Во наведените денови да има основана причина за преминување на државната граница и
– Да поседува патен документ (лична карта или пасош) издаден согласно националното законодавство од надлежен државен орган на Република Северна Македонија, односно Република Србија, со кој може да се утврди идентитетот на лицето.
Граѓаните непречено може да ја преминуваат државната граница пешки, со користење на патнички автомобил, мопед или велосипед.