Известување за времен режим на сообраќај во централното градско подрачје

Ве известуваме дека од 23-ти до 25-ти Август 2023  на Градскиот плоштад во Крива Паланка, во рамките на манифестацијата ,,КРИВОПАЛАНЕЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2023“ општина Крива Паланка во соработка со НУ Центар за култура Кр. Паланка ќе го организира XVIII Меѓународен Фолклорен Фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ (23,24 и 25.08 2023) Кр. Паланка.

ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ СОБИРИ (Фолклорен Фестивал) ОД 23 – ти ДО 25 – ти АВГУСТ ЌЕ БИДЕ ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕТО НА АВТОМОБИЛИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДДРАЧЈЕ НА УЛ. „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ НА ПОТЕГОТ ОД СОЛАРСКИ МОСТ ДО ГРАДСКИОТ МУЗЕЈ КАКО И НА СИТЕ ПОВРШИНИ ОКОЛУ ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД (ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО ПАРКИНГОТ ПРЕД Х. ТУРИСТ И МАКЕДОНСКИ ПОШТИ).

СЕ УКАЖУВА НА ГРАЃАНИТЕ КОИ ЖИВЕАТ НА УЛ. СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ (долен крак) ДА ГИ ПРЕПАРКИРААТ СВОИТЕ ВОЗИЛА НА ДРУГИТЕ СЛОБОДНИ ПОВРШИНИ ПРЕДВИДЕНИ ЗА ПАРКИНГ ВО ДЕЛОТ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ИЛИ АВТОБУСКАТА СТАНИЦА.

На 23 Август (среда) 2023 г. во период од 11.00ч  ќе биде забранет сообраќајот и паркирањето на потегот од Соларски мост по целата должина на ул. Св. Јоаким Осоговски, сите површини околу Градскиот плоштад (вклучувајќи го паркингот пред хотел „Турист“ и Македонски пошти) со цел истовар и монтажа на сценска бина, озвучување и придружна опрема

На 23 Август (среда) 2023 г. во период од 19.00ч до 19.30ч  ќе биде забранет сообраќајот во двата правци на потегот од Осичка маала до Градскиот Музеј заради свечено дефиле на учесниците на Фолклорниот Фестивал, додека во период од 19.00ч до 22.00ч ќе биде забранет сообраќајот на потегот од Соларски мост низ Градскиот плоштад до Градскиот Музеј заради одржување на Фолклорен Фестивал СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ – прва вечер.

На 24 Август (четврток) 2023г. во период од 19.00ч до 19.30ч  ќе биде забранет сообраќајот во двата правци на потегот од нас. Единство до Градскиот Музеј, заради свечено дефиле на учесниците на Фолклорниот Фестивал, додека во  период од 19.00ч до 22.00ч ќе биде забранет сообраќајот на потегот од Соларски мост низ Градскиот плоштад до Градски Музеј заради одржување на Фолклорен Фестивал СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ – втора вечер.

На 25 Август (петок) 2023 г. во период од 19.00ч до 21.00ч ќе биде забранет  сообраќајот на потегот од Бавчалак (ул. Херој Карпош) до Градскиот Музеј заради свечено дефиле на учесниците на Фолклорниот Фестивал, додека во период од 19.00ч до 22.00ч  ќе биде забранет сообраќајот на потегот од Соларски мост низ Градскиот плоштад до Градскиот Музеј одржување на Фолклорен Фестивал СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ – трета вечер.

СЕ МОЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА РАЗБИРАЊЕ.

Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст