Покана од Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ за информативни средби со гарѓаните

ПОКАНА

ЈП ЖРСМ Инфраструктура има намера да ја прошири железничката инфраструктура и да го комплетира источниот дел на Коридорот VIII кон границата со Република Бугарија, бидејќи овој коридор се смета за еден од главните транспортни правци во државата и игра значајна улога во економскиот и социјалниот развој на регионот, пред сè поради потенцијалот за превоз на повеќе производи и луѓе.

Во 2012 година, беше изработена Оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА) за целата Источна делница на Железничкиот коридор VIII, а во 2017 година беше изработена нова ОВЖССА само за Делницата 3. Во 2023 година, важечката ОВЖССА беше надополнета со нови документи кои се во согласност со добрата меѓународна пракса и истите се достапни на следниот линк: www.mzi.mk/proekti-koridor-8-faza-3/

Проектната област (Делница 3) се наоѓа на територијата на општина Крива Паланка и започнува пред градот Крива Паланка (на km 64 + 942,01) и се протега до границата со Република Бугарија (на km 88 + 364,65). Проектната област ги опфаќа следните населби: Т’лминци, Градец, Крива Паланка, Лозаново, Дрење, Пашина воденица, Киселица, Жидилово, Кркља, Костур и Узем.

Во насока на правилно информирање и спроведување на процесот на консултации со јавноста за овој проект, ЈП ЖРСМ Инфраструктура планира да реализира серија на јавни средби со заинтересираните лица од проектната област (презентација на проектот). По тој повод ве покануваме да учествувате на средбите/презентациите за овој проект што ќе бидат реализирани со претставници на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, според следниот распоред:

21.08.2023г. (14-18ч.) – простории на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Скопје

22.08.2023г. (14-18ч.) – простории на Општина Крива Паланка

23.08.2023г. (12-16ч.) – Т’лминци

24.08.2023г. (12-16ч.) – Жидилово

25.08.2023г. (12-16ч.) – Узем

Проектот се очекува да биде финансиски поддржан со средства од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка.

Големина на фонт
Контраст