Соопштение за отпочнување со реализација на проектот за Реконструкција на улици во град Крива Паланка

Согласно со чл. 51.став 2 Од Законот за јавните патишта (службен весник на РМ бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11, 53/11, 44/12, 168/12, 163/13, 187/13, 39/14, 42/14, 166/14, 44/15, 116/15, 150/15, 31/16, 71/16 и 163/16), Општина Крива Паланка го објавува следново:

СООПШТЕНИЕ

Почнувајки од 04.05.2023 год. Општина Крива Паланка ќе започне со реализација на  проектот за Реконструкција на улици во град Крива Паланка, и тоа:

  • Реконструкција на улица 17-та Македонска ударна бригада -во должина од 646 м
  • Реконструкција на улица Наско Тамбурков во должина од 683 м
  • Реконструкција на улица 3-та Македонска ударна бригада во должина од 87 м
  • Реконструкција на улица Чупино Брдо 1 во должина од 177 ,5 м
  • Реконструкција на улица Димитар Влахов во должина од 110 м
  • Реконструкција на крак од улица Ѓорче Петров во должина од 172 м

Во текот на градежните активности сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови, а во одредени периоди ќе има  повремен  прекин на одвивањето на сообраќајот.

Се молат граѓаните да имаат разбирање за горенаведеното и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и насоките за регулирање на сообраќајот од страна на Изведувачот на работите КООП Инженеринг -Куманово, на делот од улиците каде се одвиваат градежни работи

Големина на фонт
Контраст