Дневен ред на 24-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 24-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 10.04.2023 година (понедеделник  ) во 12,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на записник од  22 и 23 – та седница

  1. Предлог- Одлука за отпочнување на постапка за редовно ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Крива Паланка од сите ризици и опасности;
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај  за рабата на ЈП „Комуналец’ – Крива Паланка за 2022 година;
  3. Предлог -Програма за превентивна дезинсекција и дератизација во   Општина Крива Паланка за 2023 година;
  4. Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот Одбор на ЈП „ Калин Камен “ – Крива Паланка;
  5. Предлог – Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со прваче во учебната 2023/2024 година на територијата на Општина Крива Паланка;
  6. Предлог – Одлука за давање на согласност за отпис на основни средства на СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка врз основа на Одлука на УО при СОУ„ Ѓорче Петров“ за усвојување на извештај за извршен попис на средства и извори на средства на крај на 2022 година во СОУ „Ѓорче Петров“;
  7. Предлог-Одлука за давање на согласност за отстапување на електронска и електрична опрема од СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка на ЕЛКОЛЕКТ ДОО од Скопје;
  8. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Крива Паланка;
  9. Предлог-Одлука за  определување на ширина на крајбрежен појас на водотеците Дол „Бабин Дол“, „Дол Житен Склад“, „Дол Грамаѓе 4“ и Дол „Ицев Дол“во градот Крива Паланка опфатени со урбанистички планови;
  10. Предлог-Одлука за За изменување на Одлуката за јавните паркиралишта од значење за Општина Крива Паланка бр. 09-3718/29 од 30.09.2022 година;
  11. Предлог- Одлука за усвојување  на  Извештај за спроведување на Програмата за развој на Центарот за развој на Североисточен плански регион за 2022;
  12. Предлог-Одлука за    усвојување  на Годишен извештај  за работа со Финансов извештај на Центарот за развој на Североисточен плански регион со завршна сметка за 2022;
  13. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 6651/1 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
  14. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.5115/4 во КО Жидилово, Општина Крива Паланка;
  15. Статут на Општина Крива Паланка –пречистен текст .

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р.

Големина на фонт
Контраст