Во Крива Паланка ќе се одржи “Отворен ден“ за граѓаните за пружање бесплатна правна помош

Македонското здружение на млади правници  во соработка со Општина Крива Паланка,  на ден 04.04.2023 (вторник) со почеток од 11.30 часот во просториите на Големата сала на Советот на општината,  ќе одржи отворен ден за бесплатна правна помош, кој има за цел обезбедување на правна помош и поддршка на поединци и семејства со ниски приходи.

Бесплатната правна помош е всушност сервис за лицата со ниски приходи, социјално исклучени и маргинализирани категории на лица, како и оние кои поради било кои причини се нашле во тешка материјална положба и поради тоа не се во состојба да си овозможат и платат адвокат за да можат да ги заштитат своите права и слободи. Бесплатната правна помош е дефинирана со Законот за бесплатна правна помош чија цел е да го овозможи и унапреди правото на пристап до правда и правична судска заштита.

Законот за бесплатна правна помош ги распознава следните облици на бесплатна правна помош:

-Примарна правна помош ( прв облик на правно информирање, запознавање со права и обврски, советување, упатувањ и состав на едноставни обрасци. Примарната правна помош опфаќа и правно советување за користење на правото на секундарна правна помош и правна помош за составување на барања за секундарна правна помош)
-Секундарна правна помош ( се обезбедува за баратели на кои им е неопходно водење судски, управни и управно-судски постапки а вклучува:  стручна правна помош од адвокат за застапување и состав на писмена во постапките пред суд, ослободување на корисникот од судски такси и трошоци поврзани со постапката пред суд, ослободување на корисникот од трошоци на вештачење и ослободување на корисникот од административни такси ).

Големина на фонт
Контраст