Општина Крива Паланка започнува со регистрирање и проценка на недвижен имот

Се известуваат сите физички и правни лица, сопственици на имот, дека Општина Крива Паланка почнувајќи од април 2023 година во наредните неколку месеци ќе започне со процесот за проценка и регистрирање на новоизградени објекти, доградби, надградби, градежно земјиште и друго за наплата на данок на имот.

Согласно член 4 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/21), обврзник на данокот на имот е правно и физичко лице сопственик на имотот.

Во овој период наши проценители со свои тимови ќе ги посетат вашите домови за да ги добијат неопходните податоци околу регистрирање и проценка на вашиот недвижен имот.

Сопствениците на имот при посетата на тимовите од Општина Крива Паланка, за спроведување на оваа законска обврска, е потребно да приложат документи за лична идентификација и документи за сопственоста на  недвижниот имот. Новоизградените објекти, вклучувајќи ги и бесправно изградените објекти се законски предмет на оданочување.

Целта на целиот процес на регистрирање и проценка на недвижниот имот е утврдување на фактичката состојба на имотот, евидентирање на промените кои се случиле и праведно формирање на даночната основа.

Согласно член 5 од  Законот за даноците на имот(„Службен весник на Република Македонија” бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/21), основа на данокот на имот претставува пазарната вредност на недвижниот имот.

Согласно член 27 од Законот за даноците на имот, данокот на имот се утврдува врз основа на податоците од даночната пријава, деловните книги на обврзниците и другите податоци со кои располага општината.

Плаќањето на данокот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поедниецот за градење на подобра иднина на општината.

Големина на фонт
Контраст