Термини за бесплатено користење на услугите на спортските објекти

Општина Крива Паланка во рамки на Програмата за млади за 2023 г. обезбеди за младите на возраст од 15-29 години, бесплатен термин за користење на терените од спортската сала „Бранители“ и тенискиот терен.

Беспалтниот термин ќе биде во секој петок и сабота со почеток  од 16:00 часот, а со времетраење од 60 мин.

Заинтересираните млади може да се пријават на следниот линк:

https://www.krivapalanka.gov.mk/sport/besplaten-sport

Секој четврток ќе бидат контактарани дали нивното барање е одобрено а нивните имиња, со терминот и денот ќе бидат објавени на страната на општина. Корисниците ќе се избираат по принципот кој прв ќе закаже за тековната недела. Истиот принцип ќе важи за секоја наредна недела.

Во случај на повеќе пријавени за истиот термин и објект предност ќе има лицето кое не ги користел термините претходната недела.

Младите со себе треба да носат соодветни обувки за да не се оштетува теренот а лицето – барател со себе треба да носи документ за идентификација во кој се гледа возраста и дека е жител на општина Крива Паланка.

Напомена: Лицето – барател е одогворено за другите пријавени дека се на возраст од 15 до 29 години.

Во случај на одржување на настан или спортски натпревар, термините ќе бидат откажани со претходно известување.

Големина на фонт
Контраст