Покана за иницијален состанок за формирање на локален економски совет на Општина Крива Паланка

Почитувани стопанственици,

Ве поканиме да учествувате на иницијалниот состанок за формирање  на Локален економски совет на Општина Крива Паланка кој што ќе се одржи на 23.01.2023 година (понеделник) со почеток од 14:00 часот во сала на Совет на општина Крива Паланка.

На состанокот се поканети сите сопственици или нивни  претставници на микро, мали и средни претпријатија како и подружници на економски оператори кои што функционираат на територијата на општина Крива Паланка, да учествуваат на состанокот и да дадат придонес во зајакнување на партнерството помеѓу бизнис заедницата и локалната самоуправа во насока на унапредување на условите за водење бизнис и интензивирање на локалниот економски развој.

На состанокот ќе се обратат градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Големина на фонт
Контраст