Соопштение за организирање на стручна расправа по втор пат за нацрт план за ГУП за град Крива Паланка

Врз основа на член 34 од Законот за за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), a во согласнсот со член 93 и член 94 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр.32/20) градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на стручна расправа по втор пат за нацрт план за ГУП за град Крива Паланка
Општина Крива Паланка

Стручната расправа по нацрт план за ГУП за град Крива Паланка ќе се одржи од 12.12.2022 година во 12:00 часот во големата сала на општината Крива Паланка.

Нацрт план за ГУП за град Крива Паланка Општина Крива Паланка ќе биде објавен во информацискиот систем на е-урбанизам, на веб сајтот на општинта Крива Паланка, во две јавни гласила, изложен на печатени плакати и соопштенија во планскиот опфат на јавно место и на информациските табли на општаната Крива Паланка и во просториите на општината Крива Паланка.

Планскиот опфат по нацрт план за ГУП за град Крива Паланка е со граница која се простира на повеќе катстарски општини и тоа: цела КО Крива Паланка и на делови од КО Конопница, КО Мартиница, КО Кошари, КО Варовиште, КО Дрење, КО Лозаново и КО Градец.

Планскиот опфат зафаќа површина од 659,061 ха и се протега во границите помеѓу:

  • на север се граничи со КО Дрење и дел навлегува во КО Дрење, на северозапад се граничи со КО Лозаново и КО Градец и дел навлегува во КО Лозаново и КО Градец,
  • на запад и југ граничи со КО Конопица и дел навлегува во КО Конопица,
  • на југоисток граничи со КО Мартиница и дел навлегува во КО Мартиница,
  • на исток граничи со КО Дурачка река, КО Кошари и КО Варовиште а делnнавлегува во КО Варовиште.

Заинтересираните граѓани и правни лица можат да достават забелешки по нацрт планот во предвидениот рок од 5 (пет) работни дена од одржувањето на стручната расправа во електронска форма преку информацискиот систем на е-урбанизам или во писмена форма, а доколку истите не бидат доставени  ќе се смета дека немааат забелешки на планското решение.

                                                                                      ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКA
Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст