БУЏЕТ ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ

*РОДОВО ОДГОВОРЕН БУЏЕТСКИ ФОРУМ*
01.11.2022г. (вторник), 11 часот, место- општинска сала

Почитувани граѓани и граѓанки,

Oпштина Крива Паланка, во периодот на месец ноември 2022г. ќе реализира *РОДОВО ОДГОВОРЕН БУЏЕТСКИ ФОРУМ* со цел партиципативно и транспарентно родово одговорно изготвување на буџетот на општината за 2023 година, заедно со граѓаните.
Првата форумска сесија – работилница, ќе се одржи на 1-ви ноември, 2022г. (вторник) со почеток во 11 часот во општинската сала.
Општината низ еден широк и транспарентен начин ќе реализира оперативно РОДОВО ОДГОВОРНО ГОДИШНО ПЛАНИРАЊЕ И БУЏЕТИРАЊЕ согласно стратешките развојни приоритети на општината утврдени во Родово одговорната Стратегија за одржлив развој (2022-2027) на општината, со подршка на проектот на UN Women „Промовирање родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“.

Целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2023 година, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година.

Како градоначалник свесен сум дека пред нас стојат многу предизвици, од решавање инфраструктурни проблеми до модернизација на општината. Со сериозен и одговорен пристап, постапно решаваме голем дел од проблемите и потребите на нашите сограѓани и сограѓанки и настојуваме значително да го подобриме квалитетот на животот.

Како дел од нашата определба за транспарентно, отчетно, законито и инклузивно практикување на локална власт, одлучивме да го практикуваме форумот како една од најефикасните и ефективни форми на непосредно, директно граѓанско учество во одлучувачките процеси во локалната заедница, бидејќи никој подобро од ВАС граѓаните/ките не ги познава ВАШИТЕ проблеми, потреби и приоритети.
Нашиот главен императив е да со Буџетот на општината за 2023 година, одговориме на потребите и на жените и на мажите, и на децата и на пензионерите, и на младите и старите. Клучна е свеста, дека само заеднички, жени, мажи, различни по какви било основи, но сплотени во определбата за еднаквост, можеме да градиме и да изградиме заедница на еднакви граѓанки и граѓани. Водени од ваквата определба, законските обврски и надлежности, општинското оперативно годишно програмирање и буџетирање за 2023 година го засноваме на принципот на родова еднаквост.

Посебно сум горд како градоначалник што Родовото одговорно стратешко, буџетско планирање и програмирање со директно вклучување на граѓаните во процесот на креирање на буџетот за следната година од оваа година во Општина Крива Паланка станува правило со крајна цел креирање на БУЏЕТ ЗА 2023 ГОДИНА ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ.

Почитувани граѓани и граѓанки,

Вашето директно учество и придонес во креирањето на буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година е од голема важност и интерес за сите нас .

Сите заинтересирани граѓани можат да учествуваат на форумот.
Бидете поздравени!

Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст