Соопштение за дополонителни паркинг места за сигурно и безбедно паркирање за време на оддржување на престојниот Музички фестивал „Џој Фест 2022“

Почитувани,

Поради зголемениот сообраќај за време на оддржување на престојниот Музички фестивал „Џој Фест 2022“ Општина Крива Паланка излегува во пресрет на сите посетители и учесници на овој настан, сопсвеници на моторни возила и за таа цел обезбеди дополонителни паркинг места за сигурно и безбедно паркирање , како и редарска служба за помош при паркирање.

Сопствениците на моторни возила сега имаат можност за сигурно и безбедно паркирање на неколку локации во близина на централното градско подрачје, а на секое од предвидените места за паркинг, ќе има редари кои ќе пружаат помош при паркирање на возилата.
Предвидени зони за паркирање:
1.Прва зона- паркин место позади петте згради
2 Втора зона- паркинг место кај градскиот пазар
3.Трета зона- просторот во речното корито кај градски пазар
4.Четврта зона- просторот во речно корито кај автобуска станица
5.Пета зона – паркингот кај автобуска станица
6 Шеста зона-паркинг простор кај спортскиот комплекс

Прилог мапа со зони за паркирање:

Големина на фонт
Контраст