Известување

Почитувани,

На ден 15.07.2022 година во просториите на Општина Крива Паланка се оддржа работен состанок со дел угостителите од градот, а во врска со престојните активности на културните манифестации од програмата на „Кривопаланечко културно лето 2022″, а кои се однесуваат на оддржување на XVII-Интернационален фолклорен фестивал Свети Јоаким Осоговски и Joy Fest – музичкиот фестивал.

Во рамки на состанокот, од страна на градоначалникот Сашко Митовски беше образложена можноста за вклучување на угостителскиот сектор од градот за пружање на угостителски услуги за врме на овие културни настани.

Со ова известување, воедно ги повикуваме угостителите, во нарените денови, а најдоцна до вторник-19.07.2022 год. да ги дадат/достават своите предлози, доколку се заинтересирани за користење на штандови и површини на градскиот плоштад.

Предлозите за користење на површини и штандови можат да се достават до Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина, за да можат стручните лица, навремено да ги дефинираат и распределат локациите на заинтересираните угостители.

Лице за контакт за прием на предлози за локации:
Иван Велиновски – Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна
бр. на телефон: 070 375 234

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
САШКО МИТОВСКИ

Големина на фонт
Контраст