Демант на Општина Крива Паланка по изнесените наводи во јавноста

Општина Крива Паланка ги демантира наводите во порталот „Infomax.mk“ и одредени профили на социјални мрежи, објавени во текст со наслов: „Градоначалникот на Крива Паланка натепал граѓанин болен од рак во сопствениот кабинет: Поради административна грешка граѓанинот плаќал данок на имот со години во име на туѓо лице, кој е објавен на ден 13.07.2022 година.

Текстот содржи ноторни лаги, манипулации и невистина заради што, Општина Крива Паланка со резигнација се обраќа до Редакцијата на порталот „Infomax.mk“, на соодветен начин и во пропишана постапка да го објави следниов демант:

Лицето Донче Ристовски  не е и никогаш не бил даночен обврзник, на негово име не се генерирани Решенија за данок на имот, ниту е поведувана постапка за присилна наплата на даночен долг од страна на Општина Крива Паланка за ова лице.

Стучните служби од општинската администрација секогаш се професионални и пристојни и во ниеден момент не се однесувале навредливо и понижувачки кон лицето Донче Ристовски.

Кога лицето Д.Р. кое се обратило до општиските стручни служби и побарало помош во врска со погрешно уплатени парични средства за данок на имот од страна негови блиски роднини,  и со прашање, кој е начинот средрсвата да се повратат или да се префрлат на име на долг на неговиот татко, лицето Д.Р. е посоветувано од страна на службите да поднесе писмено Барање со потребните документи кои се битни за  понатамошно постапување. И Барањето за повраток на погрешно уплатени парични средства е поднесено на 13.06.2022, а донесено е Решение, на 17.06.2022, со кое што позитивно е одговорено.

Грешката која е направена и која е наведена во текстот од горе наведениот медиум, се однесува на Образложението во ова Решение, каде е направена печатна грешка и наместо името Донче, запишано е Дончо. Ова грешка во делот на Образложение од изготвеното Решение, не генерира никавки правни последици, ниту има влијание за поинакво одлучување или влијае врз донесување на конкретното Решение, бидејќи лицето ДР е само подносител на Барање за повраток на средства.

После  недела дена, на ден 22.06.2022 г. лицето Д.Р. има поднесено Барање за утврдување на данок на имот, врз основа на Договор за подарок и Решение за легализација на бесправно изграден објект.

Ова постапка е во тек и по завршување на истата, лицето Д.Р.  дури тогаш ќе биде даночен обврзник т.е. ќе биде ведено во евиденцијата на даночни обврзници за данок на имот во општина Кривар Паланка.

Уште еднаш потенцираме дека лицето Д.Р. , досега не било даночен обврзник.

За овој случај беше запознаен и градоначалникот Сашко Митовски кој лично настојуваше да помогне на лицето Д.Р. во забрзување на постапката, токму поради неговата здравствена состојба.

Со оваа објава сметаме дека е направена голема штета врз угледот на општината и градоначалникот Сашко Митовски, кој лично се интересираше и настојуваше што побргу да се удоволи на Барањата на Д.Р., а согласно закон и позитивните законски прописи.

По непријатниот настан во општината, од страна на градоначалникот Сашко Митовски, уредно е поднесена пријава за физички напад од страна на лицето Д.Р. и поведена е постапка и превземени се мерки за расчистување на случајот од страна на МВР ОВР Крива Паланка и Јавен обвинител.

Општина Крива Паланка ги повикува и охрабрува надлежните институции да го расчистат случајот до крај, согласно нивните законски надлежности и Општина Крива Паланка стои на располагање за сите детали и одговори поврзани со овој случај и сите нејаснотии или прашања поврзани со наводите објавени во текстот на горенаведениот портал.

Градоначалникот останува посветен на решавањето на реалните проблеми кои ги засегаат сите граѓани и за тоа сведочат проектите кои се реализирани и се реализираат во градот и наслените места, за краток период од стапување на функцијата.

Големина на фонт
Контраст